ВИДЕО | Марина Туцаковиќ прозборе за искуството со тешката болест: Mорам да се движам со количка, имам секакви проблеми, ама не се плашам

youtube

Авторката Марина Туцаковиќ, која веќе неколку години се бори со рак на дојка, отворено зборуваше за искуството со болеста и како не ја поднесува секоја хемотерапија исто.

„Како која. Дека е лесно, не е лесно, ама не е ни страшно. Сега сум на десеттата“, рече познатата авторка на бројни хитови, откривајќи дека уште пишува.

youtube
принтскрин/youtube

„Пишувам. Работев за Сузана, за Саша Матиќ. Со Цеца се слушнавме вчера, ѝ велам: – Слушнав си се откажала од кариерата, таа ми вели: – Ма кој ти го кажал тоа. Со смеење. Ми испрати песни вчера, ама не ги преслушав“, се шегуваше Марина.

На прашањето што ја прави среќна и дали почнала пак да пуши цигари, Туцаковиќ одговори вака:„Да си ја средувам гардеробата. Што друго друго да ме прави среќна. Вистина е дека се вратив на цигарите. Ракија, може еднаш месечно, ама и не можам. Јадам нормално“.

„Не знам што ми помогна, неблагодарно е да зборувам за тоа, хемотерапијата. Никогаш не се знае што помага. Јас верувам во хемотерапија, ама и во алтернатива. Преку пријатели од Босна набавив некаква трева, што знам, пиев тоа. Штом сум, фала Богу, жива, веројатно е поврзано со мојата сила и глава. Се ужаснувам и јас понекогаш, кој вели дека не е така, лаже. Не се плашам од ништо, не е тоа страв, тоа е некој вид на депресија – бидејќи сега не можам да пишувам колку што би можела, морам да се движам со количка, имам секакви проблеми, ама не се плашам инаку“, рече таа за лекувањето на болеста, пренесува „Blic“.

Не се откажав од алкохол – не сакам ракот да биде целиот мој свет: Марина Туцаковиќ се бори со тешката болест, ама од пороците не се откажува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот