Не се откажав од алкохол – не сакам ракот да биде целиот мој свет: Марина Туцаковиќ се бори со тешката болест, ама од пороците не се откажува

Instagram
Марина Туцаковиќ / Фото: Принтскрин / Instagram

Српската хитмејкерка Марина Туцаковиќ веќе три години храбро се бори против ракот на дојка. Марина прави сѐ за да ја победи болеста, сепак, од некои пороци не може да се откаже.

Иако сѐ уште не се излекувала, не се откажала од цигарите и пијалаците. Таа вели дека ги следи советите на лекарите и не дозволува нејзината болест да ѝ биде животна преокупација.

„Откако дознав која е мојата дијагноза, целосно им се препуштив на лекарите. Не сакав да се мешам во нивната работа ниту секунда. Не сум истражувала за мојата болест, а секое одење на лекар го доживувам како излегување во град. Што е, тука е. Одиме понатаму. Нема да дозволам ракот да биде целиот мој свет“, рекла Марина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)

Жената која ги напиша едни од најголемите хитови на овие простори, признава дека понекогаш знае да испие чаша алкохол и да испуши цигара.

На болеста гледам како на нешто што ми се случува во моментов. Работам колку што можам, не се откажав од готвењето, шопингот, патувањата, како ниту од алкохолот. Сакам да се напијам чаша ракија или пиво, додека престанав да пушам извесно време, но повторно почнав. Кога пушам, повлекувам од цигарата два пати и ја гасам. Кога се чувствувам подобро, пушам, но не сум страстен пушач кој не може без никотин“, рекла Туцаковиќ за „Стори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот