Марија Димовска освои бронзен медал на Италијанскиот Светски куп во кик-бокс

фото: принтскрин/facebook

Марија Димовска донесе бронза за македонскиот кик-бокс од Италијанскиот Светски куп во Лидо Де Јесоло.

Во категоријата до 60 килограми К1 (млади јуниорки) нашата натпреварувачка во полуфиналето со 3:0 загуби од Каролина Воронова од Естонија.

Воронова подоцна дојде до златото, а на втората позиција се на Дениз Серебрјаников од Израел.

Најмногу златни медали на ова натпреварување освои Унгарија вкупно 33, а домаќинот Италија 13.

На Италијанскиот Светски куп има 1516 кикбоксери од 43 држави во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот