Маричиќ во Ниш ќе потпише договор за прекугранична соработка со Србија

Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ на брифинг со уредници / 4 јули 2022 / Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш ќе ја потпише трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија, објави Секретаријатот за европски прашања.

ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Маричиќ, заедно со неговата српска колешка, министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ и со амбасадорот на ЕУ во Србија, Емануел Жиофре, ќе ја потпишат првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.

Како што соопштија од СЕП, средствата предвидени за реализација на прекуграничната соработка ќе опфатат два тематски приоритета и тоа социо-економски развој и развој на туризмот во прекуграничниот регион во кој влегуваат областите Јабланица и Пчиња во Србија и североисточниот регион и дел од скопскиот регион во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот