„Манијакот од Волга“ осуден на доживотен затвор поради убиство на над триесет жени

Манијакот од Волга / Фото: Ministry of Internal Affairs / WillWest News / Profimedia

Рускиот сериски убиец познат како „Манијакот од Волга“ денеска е осуден на доживотен затвор за убиство на над 30 постари жени, јави државната новинска агенција ТАСС.

Радик Тагиров беше уапсен во 2020 година под сомнение дека извршил убиства во 15 градови во и околу регионот Татарстан, околу 730 километри источно од Москва, помеѓу 2011 и 2012 година.

Тој понекогаш се претставувал како социјален работник, електричар или водоинсталатер за да влезе во домовите на жените пред да ги задави и да им ги украде вредните работи, соопшти полицијата.

Тагиров бил бравар, а претходно бил во затвор поради ситни кражби. Судот во градот Казан го прогласи за виновен и за неколку обиди за убиства и напади врз уште 34 постари жени, пренесе ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот