Манескин ја носат Евровизија во Торино во 2022 година
Торино е избран за град кој ќе ја гостува следната Евровизија во мај 2022 година, победувајќи во избор од 16 други предложени градови.
Групата Манескин со песната „Zitti e Buoni“ ѝ ја донесе на Италија првата победа на Евровизија по 31 година, што ја направи Италија домаќин за следното 66-то издание во 2022 година.
View this post on Instagram
Финалето на Евровизија 2022 ќе се одржи во салата ПалаОлимпико, една од најголемите затворени арени во Италија, во сабота на 14 мај, додека полуфиналните вечери соодветно се закажани за вечерите на вторник, 10 мај и четврток, 12 мај.
View this post on Instagram
Настанот ќе биде организиран од страна на италијанскиот преносник „Rai“ заедно со европскиот „EBU“ („European Broadcasting Union“), чиј и беше изборот на град, а конкретните договори со Градот Торино ќе се финализираат во текот на следните недели.
View this post on Instagram
Торино го засени Рим во тешка битка од вкупно 17 италијански градови и региони за гостувањето на најголемиот светски музички настан во живо, кој во 2021 година достигна публика од 190 милиони телевизиски и онлајн гледачи.
„Гостувањето на Евровизија 2022 во Торино е, во исто време, голема чест и голем резултат за нашиот град и нашата земја. По инаугурацијата на нова сезона на големи настани, Торино ќе биде сцена за музика и култур, во динамичен и инклузивен интернационален настан кој ќе го вклучи целиот град. Пресреќни сме што ќе ја претставуваме Италија пред така голема публика и веќе се подготвуваме да ги пречекаме гостите од цела Европа. Како и секогаш, ќе бидеме подготвени“, изјави градоначалничката на Торино, Кјара Апендино.
View this post on Instagram
Ова ќе биде сè на сè трет пат како Италија ќе биде домаќон на Евровизискиот натпревар, по настаните во Наполи во 1965 и Рим вом 1991 година.
View this post on Instagram