Мане: Ме боли што го напуштам Баерн, сакав поинаков крај

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Садио Мане ги помина лекарските прегледи и наскоро се очекува и официјално да биде промовира како нов фудбалер на Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Сенегалскиот напаѓач минатото лето пристигна од Ливерпул како големо засилување за Баерн Минхен, но Сенегалецот не се снајде на Алијанц Арената. Лошите односи на Мане со соиграчите и слабите настапи ги принудија првите луѓе на германскиот шампион да го продадат по само една сезона.

Се шпекулираше за заминување во некои други европски клубови, но минатата недела беше потврдено дека Мане, меѓу многуте ѕвезди, ќе игра и во Саудиска Арабија, придружувајќи им се на Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ во Ал Наср.

Мане во Дубаи ги сподели своите впечатоци од разделбата со Баерн со германскиот новинар на „Скај Спортс“, Флоријан Плетенберг.

– Ме боли заминувањето од Баерн. Посакувам да имав поинаков крај. Сигурен сум дека можев да помогнам оваа сезона, сакав да им се докажам на сите. Но, на клубот и на навивачите им посакувам сè најдобро во иднина – рече Мане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот