Манчестер сити поседува 10 фудбалски клубови!

EPA-EFE/Shaun Botterill

„Сити фудбал груп”, кои се сопственици на Манчестер Сити, го додадоа францускиот второлигашки клуб Троа во своето портфолио.

Компанијата се стекна со мнозински удел во својата нова аквизиција. Францускиот бизнисмен Максим Раи ќе поседува дел од акциите и ќе биде дел од управата на клубот.

Троа заврши на четвртото место во Лига 2 минатата сезона пред пандемијата на коронавиру да го запре шампионатот, кој не беше продолжен. Оваа сезона тимот ја започна сезоната со победа и пораз во шампионатот.

Извршниот директор на „граѓаните“, Феран Сориано, прокоментира дека веќе некое време групацијата има интерес за францускиот фудбал, а особено за Троа.

Со последната аквизиција, „Сити фудбал груп” со седиште во Абу Даби веќе поседува 10 фудбалски клубови ширум светот. На списокот се шпанска Жирона, белгиски СЦ Ломел, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, како и клубови од Јапонија, Кина, Уругвај и Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот