Малку поразличен рецепт од традиционалниот: Планински грав со шампињони

Фото: Профимедиа

Домашните трпези, но и менијата на рестораните во Македонија, не можат да се замислат без грав, а и секој што ќе стапне во нашата земја, заминува воодушевен откако ќе го проба оваа традиционално јадење.

Јадењата со грав низ годините претрпеле и некои варијации. Вкусовите на рецептот што ви го претставуваме денеска, ретко кој ги комбинира, а совршено се согласуваат заедно.

Состојки за 4 лица:

– 250 г грав

– 3 чешниња лук

– 500 г печурки

– 2 моркови со средна големина

– 1 главица кромид (помала)

– 1 корен од целер (помал)

– сол, бибер

– црвен пипер

– 1 чаша просо

– 2-3 лажици доматно пире

– 3 ловорови листови

Подготовка:

Потопете го гравот преку ноќ. Исечканите морков, кромид и целер пропржете ги на малку масло, печурките исечете ги на половини или четвртини и заедно со сечканиот лук додајте ги во зеленчукот. Посолете, побиберете и пропржете само неколку минути на силен оган. Додадете црвен, мелен пипер и измешајте. Додајте грав и ловоров лист, налејте околу литар вода (или по процена), покријте и варете по процена.

На младиот грав нема да му треба повеќе од час и половина. Некаде при крајот на варењето, додајте просо и доматно пире, варете уште 15 минути и поклопете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот