Мали трикови во кујната: Спречете го потемнувањето на јаболката

Фото: Профимедиа

Јаболката се преполни со витамини и сок, а често се една од најважните состојки во десертите. Кои и да ги користите – свежо набрани или купени на пазар, тие се еднакво вкусни, но имаат еден недостаток – еднаш пресечено јаболко во контакт со кислород оксидира и потемнува.

Тоа не го менува вкусот, како ни на крушките, бананите и авокадото што го имаат истиот проблем. Но ако сакате да приготвите убава пита од јаболка, треба да исечете поголема количина од ова овошје кое треба да стои и чека да биде приготвено. Во тој случај постојат многу совети како да се чуваат плодовите, но постојат два совета, кои ќе ги сочуваат вистинскиот вкус и изглед на јаболката.

Лимонов сок – овој совет колку и да е стар, функционира и нема причина да се откажете од него. Според него, јаболкото исечено на пола треба да се премачка со лимонов сок, чиј витамин Ц го  запира процесот на оксидација и потемнување. Можете да користите чист лимонов сок или јаболката да ги ставите во сад со вода во која ќе додадете сок од лимон. Еднаш исцедените и исушени јаболка ќе ја задржат убавата боја.

Мед – ако немате лимон при рака искористете мед, кој ќе има ист ефект. Како се прави? Во сад ставете две лажици мед во голема чаша вода. Додајте ги исечените и излупени јаболка и чекајте околу пет минути пред да ги исцедите и исушите. Тогаш можете да ги ставите на тесто за пита или да ги употребите во зависност од вашата потреба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот