Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мали деца од Кумановско се затруле со течност за прскање овошки

Две деца на возраст од три и четири години од село во Кумановско вчера биле донесени на лекар со симптоми на труење, а според првичните информации, тие најверојатно се затруле со течност што се користи за прскање земјоделски култури.

„На 15.03.2026 во 11:52 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив биле донесени две деца на возраст од три и четири години од кумановско, кои биле затруени од течност која се користи за земјоделски култури“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по извршениот преглед, децата се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Сопружници нападнати во подземна гаража во Центар – едниот напаѓач имал оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот