Малечката Миа ја нацртала мајка и во изолација, поради еден детаљ цртежот стана вирален (ФОТО)

принтскрин/фејсбук

Цртежот на 5-годишната Миа стана хит на интернет поради начинот на кој таа ја прикажала својата мајка Лаура Аплетон за време на изолацијата.

Миа ја нацртала мајка си со долга коса, со одвоени кики и во виолетово-портокалов фустан со линии. Сепак, цртежот станал вирален поради еден детаљ.

Девојчето ги забележало и влакнестите нозе на нејзината мајка, па на цртежот додала и ситни влакненца на нозете. Лаура фотографијата од цртежот ја објавила во Фејсбук групата „Housebound with Kids“, а објавата собрала повеќе од 3.000 лајкови.

„Мојата ќерка ме нацрта премногу детално за мој вкус“, напишала покрај фотографијата која насмеала многумина.

принтскрин/фејсбук

Набрзо се појавиле и бројни коментари.

„Можело да биде и полошо, можела да ти нацрта влакна и под пазувите“, „Можела да ти нацрта и мустаќи“, „Малата обрнува внимание на деталите“, пишува во коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот