Макрон размислува да се кандидира за претседател на Франција на изборите во 2032 година
Актуелниот француски претседател Емануел Макрон ја остава отворена можноста повторно да се кандидира за претседател на Француската Република во 2032 година, тврдат аналитичарите.
Препорачано
Сегашниот претседател нема право да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, бидејќи францускиот Устав го ограничува бројот на последователни мандати на два.
Сепак, тој има право да се кандидира за трет мандат, доколку сака, во 2032 година, кога ќе има 54 години.
Анализата на третиот мандат беше поттикната од говорот на францускиот претседател пред младите од неговата партија минатата сабота, во кој рече: „Ве сакам покрај мене во следните две години, во следните пет години, во следните десет години“.
Според политичките аналитичари, со оваа интервенција, Емануел Макрон ги „смали“ амбициите на сегашниот генерален секретар на неговата партија „Ренесанса“ и поранешен премиер Габриел Атал. Односите меѓу двајцата мажи се заладија откако Макрон донесе одлука да распише предвремени парламентарни избори во јуни 2024 година.
Сепак, во модерната политичка историја на Франција, само Валери Жискар Д’Естен (1974-1981) и Никола Саркози (2007-2012) се обидоа да бидат реизбрани по завршувањето на нивниот мандат како претседател на Франција но без успех.


