„Макпетрол“: Не добивме потврда од ЕСМ и не нарачавме гас за топланите Исток и Запад

Парно, радијатор / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

„Макпетрол“ преку писмено соопштение извести дека не направиле нарачка за гас за топланите Исток и Запад за ноември затоа што не добиле потврда за количините од страна на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) која го презеде затоплувањето на скопјани.

„Макпетрол АД ја известува пошироката јавност дека минатата недела, на 12-ти октомври достави Понуда до АД ЕСМ за количините потребни за топланите Исток и Запад за месец ноември. Крајниот рок за прифаќање на понудата од страна на АД ЕСМ измина на 17-ти овој месец, за што дотогаш компанијата Макпетрол АД мораше да ги најави и плати потребните количини кај својот добавувач. АД ЕСМ до вчера не ги потврди потребните количини, поради што Макпетрол АД ги најави останатите количини за своите потрошувачи без количините потребни за производство на топлинска енергија за топланите Исток и Запад“, соопшти „Макпетрол“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот