Општина Карпош за забавниот парк: Се работи за насилник за кого не важи законот, надлежните најостро да го санкционираат

Фото: Фејсбук

Општина Карпош демантира дека е издадено какво било  одобрение за поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ и за  функционирање на забавниот парк од едноставна причина што, како што објаснуваат оттаму, Општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија.

Очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи во предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација. Доколку некој врши дејност без потребни согласности од надлежни локални или државни институции и без соодветна техничка документација, забрана за вршење на дејноста изрекува Државниот пазарен инспекторат – посочуваат од Карпош за „Слободен печат“.

Бидејќи во текот на вчерашниот дел на местото кај забавниот парк покрај општинскиот градежен инспектор биле и инспектори од МВР, УЈП и Пазарен инспекторат, Општината бара тие да ги искористат своите законски овластувања и да се затвори овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот