Македонските тенисерки поразени и од Бугарија во Били Џин Кинг купот
По стартниот пораз од Египет, македонската женска тениска репрезентација загуби по вторпат на Били Џин Кинг купот од Втората Евро-африканска зона што се игра во Бања Лука, Босна и Херцеговина.
Препорачано
Денеска првиот фаворит во групата Б селекцијата на Бугарија избори максимални 3:0.
Во првиот меч на „второрангираните“ Лидија Енчева ја победи Зара Зафировска со 2:0 во сетови (6:1 и 6:2), а во вториот меч Денислава Глушкова ја совлада Сара Митевска со 2:0 во сетови (6:1 и 6:0).
Во третиот меч во двојки селекторите на двете репрезентации (Кристијан Вангелов – Македонија и Магдалена Малеева) се решија на теренот да бидат тенисерките што не ги играа сингл мечевите. Јана Божиновска и Ана Митевска загубија од Росица Денчева и Елизара Јанева со 2:0 во сетови (6:0 и 6:4).
До крајот на натпреварувањето младите македонски тенисерки ќе играат утре против Јужна Африка, а в петок против Мароко и во сабота е мечот за пласман.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


