Фото: Кугларска федерација на Македонија

Македонските куглари Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски се светски вицешампиони во Тандем микс

Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски дојдоа до сребрениот медал на Светското првенство во куглање во Австрија за играчи до 23 години.

Македонските куглари Алексовска и Јовановски се светски вицешампиони во Тандем микс, објави Кугларската федерација на Македонија.

Алексовска и Јовановска имаа одлична игра во текот на сите рунди, во првата рунда триумфираа против естонскиот пар Каспар Лакс и Лилија Тонисон со резултат 2:0.

Потоа, во четвртфиналето беа подобри на пенали против романската двојка Даниел Рад и Нора Кадар, додека во полуфиналето триумфираа Мартин Павич и Никола Тоболова од Чешка исто така на пенали.

Во финалниот меч за златниот медал, Алексовска и Јовановски беа совладани од Брина Јањиќ и Вид Понебшек од Словенија со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот