Македонските кадети со два медали од турнирот во мечување во Осиек

фото: принтскрин/facebook

На меѓународниот турнир во мечување во Осиек, Хрватска, македонските кадети имаа одлични настапи освојувајќи два медали.

Со златен медал се закити Огнен Бундалески, додека до среброто дојде Петар Дамјаноски.

Од останатите натпреварувачи Матеј Тодоровски го освои петтото место, а Павел Трпковски се најде на 10 позиција.

На овој натпревар имаше учесници од Хрватска, Унгарија, Словачка, Чешка, Велика Британија, САД, Србија и Македонија.

Воедно, Искра Дамјаноска, Јован Величкоски и Симон Божиновски на турнирот во Осиек положија испит за судии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот