Македонскиот репрезентативец Миовски има понуда од Чешка
Бојан Миовски има солидни настапи сезонава за унгарскиот фудбалски клуб МТК, и благодарение на нив го привлекува вниманието на останатите клубови во Европа.
Препорачано
Досега во најсилниот унгарски шампионат македонскиот репрезентативец има седум голови од 16 настапи, но резултатите на клубот не се најдобри и моментно МТК е на претпоследното 11 место со четири порази на последните пет лигашки средби.
Како што информираат медиумите во Чешка, екипата на Славија Прага ја следи ситуацијата со нашиот 22-годишен напаѓач.
Миовски веќе има и настапи за најдобрата македонска А репрезентација, со клучна асистенција во последниот триумф во Скопје над Исланд за пласман во историски бараж за СП 2022.
Со МТК има важечки договор до 2023 година, а Унгарците за неговите услуги бараат надомест од два милиони евра.
Миовски постигна седум гола за МТК во првиот дел од шампионатот, а во 2021 година дебитираше и за сениорската репрезентација на Македонија. Тој има договор до 30 јуни 2023 година, а унгарскиот клуб за него бара отштета од 2 милиони евра.
Славија Прага во историјата на чешкиот фудбал има седум титули, беше национален шампион шампион во последните три години. Освен чешкиот тим, се шпекулира дека за Миовски има интерес и од германскиот Фрајбург и италијанската Аталанта.


