Македонскиот репрезентативец Алиоски испиша историја во Саудиска Арабија

фото: instagram.com/alahliclub.sa

Езџан Алиоски уште во првата сезона запишува одлична статистика во дресот на Ал Ахли, фудбалскиот клуб од Саудиска Арабија.

После четири години поминати во дресот на Лидс, македонскиот репрезентативец одлучи да ја продолжи кариерата во шампионатот на Саудиска Арабија.

Досега во тамошното првенство има 24 настапи и запишани шест голови, а неговиот клуб на четири кола до крајот на сезоната се наоѓа на 10 место со 29 бодови.

Алиоски веќе испиша историја во Саудиска Арабија (земја учесник на следното СП 2022) откако стана првиот дефанзивец, првиот ефективен бек кој директно учествувал во 14 голови во сезоната.

Покрај досегашните погодоци, Алиоски и асистира, а асистенцијата на дуелот против Ал Батин беше осма негова сезонава.

За повеќе од третина од вкупниот број на голови на Ал Ахли заслуга има токму нашиот играч. Клубот од Џеда од 26 натпревари има 35 реализирани голови.

Навивачите на Лидс не го забораваат „лудиот“ (во позитивна смисла) Џани, и натаму преку социјалните мрежи молат да се врати Македонецот на „Еланд роуд“ и дека замената Фирпо не ги задоволува нивните очекувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот