Фото: Facebook / Conquering Lion

Македонскиот реге бенд „Конкеринг лајон“ шири позитивни вибрации со новиот албум „One world“

Македонскиот реге бенд „Конкеринг лајон“ (Conquering Lion) го издаде својот шести студиски албум насловен „One World“ со што продолжува да ја негува македонската реге култура и да шири позитивни вибрации.

„Конкеринг лајон“ е реге бенд од Тетово кој ја започна својата кариера во 2007 година. Во октомври 2009 година, бендот го издаде својот прв албум, насловен „I“, за „ПМГ рекордингс“. На албумот се појави јамајканскиот уметник Jah Clarity во песната „Jah Love“.

Потоа излегоа албумите „Know Your Wisdom“ во 2011 година, „Revelation“ во 2013 година (по што следеше успешна европска турнеја), „Land of Confusion“ во 2017 година и „Revolution Time“ во 2022 година.

„Конкеринг лајон“ го издаваат својот четврти студиски албум по ред насловен „Land Of Confusion“ кој беше издаден на 24 февруари 2017 година за „Локсмит рекордс“ од Њу Џерси, САД. „Land Of Confusion“ беше номиниран за најдобар реге албум за 2017 година на доделувањето на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа, „Reggaeville“.

Овој бенд создаде уникатен спој на даб, реге и кросовер звук кој ги освои љубителите на оваа музика низ цела Европа, но и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот