Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ѓуроски оди на принуден одмор

Стојан Ѓуроски имаше операција на скршеницата на десната рака/фото: kfsm.mk

По операцијата на скршеницата на десната рака, следува пауза од неколку недели за македонското кошаркарско репрезентативно крило. Стојан Ѓуроски доживеа уште еден пех во оваа календарска 2022 година.

По нималку наивната повреда на подлактицата заработена како играч на битолски Пелистер на почетокот на оној втор дел од сезоната во нашата Прва лига, сега, еден од најстандарните македонски репрезентативци доживеа уште една, нималку наивна повреда.

На еден од последните тренинзи на својот клуб Оуренсе, искусното крило на нашиот национален тим „заработи“ скршница на коска на дланката на десната рака.

Ѓуроски се надева дека ќе се врати на кошаркарските терени после празниците.

– Поради тоа мораше итно да бидам опериран, што лекарскиот тим на мојот клуб и го направи. Станува збор за истата рака што ми беше оперирана на почетокот од годинана, но тогаш во прашање беше повреда на подлактицата. Што да правиме, се случуваат и вакви непосакувани моменти. Мое е да ја поминам рехабилитацијата како што налагаат докторите. Извесно е дека ќе бидам надвор од теренот во наредните неколку недели. Се надевам да бидам спремен после празниците. Здравје, ќе видиме – вели Ѓуроски од Шпанија каде и ќе го мине комплетниот рехабилитациски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот