Македонскиот фудбалер Давид Тошевски на пробен период во Шибеник

фото: ФК Работинички

Хрватскиот фудбалски клуб Шибеник се подготвува за вториот дел од сезоната, а покрај тренинзите, се темпира и формата преку играње контролни натпревари.

Воедно, клубот е активен на фудбалскиот пазар, според хрватските медиуми, на проба во Шибеник е македонскиот напаѓач Давид Тошевски (22).

Нашиот играч од 2020 година е дел од рускиот Ростов, во меѓувреме беше на позајмица во Тамбов (Русија), Горник Забже (Полска) и Земплин Михаловце (Словачка).

Својата професионална кариера 22-годишниот фудбалер ја започна во Работнички.

Ростов за Тошевски во 2020 година плати еден милион евра, но запиша само 11 настапи (без постигнат гол) за првиот тим, а за вториот забележа седум погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот