Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ ја доби наградата „Квир лав“ во Венеција

Фото: Фејсбук/Агенција за филм

„Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски ја доби 17. „Квир лав“ награда во рамките на 80. издание на Венецијанскиот филмски фестивал.

Филмот во продукција на Лист Продукција од Скопје е награден во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на „Dog Man“ на Лук Бесон и „Maestro“ на Бредли Купер.

Во објаснувањето за наградата стои дека „Квир лав“ со гордост го наградува филмот „Домаќинство за почетници“, во режија на Горан Столевски, „за невообичаеното и храбро прикажување на етникумите, различностите, родовиот идентитет, љубовта, пријателството и емотивните афинитети“.

„Квир семејствата не се иднината; тие се сегашноста!“, изјави режисерот Столевски за тополиот прием од публиката во Венеција по проекцијата на неговиот филм.


„Домаќинство за почетници“ ја имаше светската премиера во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“, а публиката во преполната сала „Дарсена“ со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Столевски и актерската екипа во филмот.

Наградата е иницирана во 2007 од страна на Даниел Н. Казагранде, новинар и филмски критичар, а со поддршка на Марко Милер, тогашниот директор на филмскиот фестивал во Венеција.

„Домаќинство за почетници“ доби и специјално признание од италијанската фондација „Fondazione Fai Persona Lavoro Ambiente” за социјално ангажиран филм. Во објаснувањето за ова признание стои дека: „Филмот е навистина извонреден бидејќи го истражува влијанието на различните слоеви на идентитет, како што се полот, етничката припадност, сексуалната ориентација и религијата преку интерсекциска призма“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот