Македонскиот автомобилист Давидовски од првиот ред на последната трка во Џеда

Виктор Давидовски настапува за тимот „Comtoyou“/фото: www.fiawtcr.com

Виктор Давидовски овој викенд настапува на финалниот гран при викенд од Светското првенство (WTCR), кој се одржува на патеката во Џеда, Саудиска Арабија.

Во саботните квалификации македонскиот автомобилист успеа да оствари пласман во втората квалификациска сесија, а во неа го зазема деветтото место со време кое беше за нешто повеќе од половина секунда побавно од она на провизорната пол позиција во тој момент.

Согласно правилата, тој во првата трка ќе стартува од деветтото место, додека во втората трка кога првите 10 возачи ги ротираат стартните позиции, ќе се најде на второто место од првиот ред.

Давидовски настапува за тимот „Comtoyou“, а неговиот тимски колега Натаниел Бертон ја има пол позицијата во првата трка.

Шампионот на ТЦР Европа, Франко Џиролами, кој исто како Давидовски настапува со „вајлд карта”, ќе стартува од шестото место, откако задоцни нецели три десетинки во својот најбрз круг.

Трките во Џеда ќе се емитуваат директно на програмата на „Еуроспорт“, а во Македонија како снимка ќе ги емитува „Телевизија 24“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот