Хрватска полиција / Фото: Ал Џазира Балканс / скриншот

Македонски државјанин киднапирал старец во Хрватска

Хрватската полиција заврши кривична истрага против 34-годишен државјанин на Македонија, осомничен за закана и незаконско притворање на 71-годишен маж. Осомничениот е приведен по инцидентот во Бује, јавија хрватските медиуми.

Еден маж е осомничен дека физички нападнал 71-годишен маж во стан на улица „Први Мај“ во Бује, Хрватска во вторник, 16 април. Освен што го нападнал, му се заканил дека ќе го убие и не му дозволил да го напушти станот. Постариот маж се здобил со полесни повреди во нападот.

Полицијата го уапсила 34-годишникот кратко време по инцидентот. Тој бил однесен во притворската единица на Полициската управа на Истра вечерта на 17 април, со кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот