Македонската БЏЏ репрезентација се враќа со медали од турнирот во Србија

Фото: thestrongest.mk

На силниот меѓународен турнир во Граплинг во Србија (ADCC Serbia 2021) кој вчера се одржа во Ковин, македонската БЏЏ (бразилска џиу-џица) репрезентација предводена од селекторот Ивица Алексовски настапи со шест натпреварувачи, двајца за првпат учествуваа на ваков меѓународен турнир.

Даниела Алексовска и Ева Илиевска освоија златни медали, а со сребрени се закитија Марко Петровски и Ане Цветковска.

Алексовска со своите 15 години и 47 кг. настапи во категорија за девојки (од 15 до 18 години) и тежинска категорија до 60 кг.. Но, и покрај што се бореше со потешки и постари противнички, полифиналната и финалната борба ги доби со зафат и го освои првото место.

Илиевска во напредната категорија во своите две борби доминираше и двете борби ги доби заслужено и го освои златниот медал.

Петровски се бореше во силна конкуренција на скоро 20 натпреварувачи, победи во три борби, а финалната борба на продолжение загуби на поени од противник кој беше еден од најквалитетните натпреварувачи на овој силен меѓународен турнир. Цветковска во финалната борба во Напредна категорија загуби на зафат и мораше да се задоволи со второто место и сребрениот медал.

Останататите двајца натпреварувачи Марко Цветковски и Сергеј Костовски ги загубија своите борби на поени. Имаше натпреварувачи од 12 земји (меѓу кои и САД, Мексико, Полска, Италија, Словачка..), а нашата репрезентација беше на четвртото место. Повеќе ТУКА

Фото: thestrongest.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот