„Македонијатурист“ АД Скопје донесе одлука за распределба на дивидендата

Компанијата „Македонијатурист“ АД Скопје на вчерашното Собрание на акциониери донесе одлука за исплата на дивиденда во вкупен бруто износ од 97.403.214 денари да се исплати на нераспределените Акумлираните добивки на Друштвото до 31.12.2018 година.

Според оваа одлука, акционерите во „Македонијатурист“ АД Скопје ќе добијат бруто по акција во висина од 239,307 денари, што претходно беше најавено.

Исто така, последен ден на тргување со право на дивиденда е 22.05.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 23.05.2019 година.

Од компанијата велат дека датата за стекнување на право на дивиденда е 24.05.2019 година.

На Собранието на акционери беше соопштено дека исплатата на дивиденда ќе се изврши во законски определениот рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот