Македонија се враќа во игра за ЕУРО, за три минути „покорена“ Летонија! (ФОТО+ВИДЕО)

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Со трите бодови вечерва нашата А селекција ги враќа надежите за второто место во квалификациската група кое води на Европското првенство.

Во осмата минута Пандев убаво го пронајде Тричковски кој силно шутна со левата нога, но летонскиот голман Ванинс со крајни напори ја исфрли топката во корнер.

Во 14 минута почетниот налет се исплати Елмас убаво од непосредна близина му асистираше на Пандев кој рутински ја смести топката во мрежата за водство од 0:1.

https://twitter.com/TOPScout3/status/1171137730547462144

За капитенот во неговата тоа беше 34 погодок во сениорскиот дрес, а не така долго веќе беше и 0:2 во 17 минута, Барди со еден прекрасен погодок од околу 20 метри.

Пред крајот на првото полувреме, Летонците имаа шанса да намалат, но ударот на Икауниекс заврши право во рацете на сигурниот Димитриевски.

https://twitter.com/TOPScout3/status/1171138863957458946

Брзо можеше да биде казнет ривалот, но Пандев кој се најде сам домашниот чувар на мрежата наместо рутинска завршница, неговиот удар успеа да го одбрани Ванинс.

Квалификации ЕП 2020

Група Г, 6. коло (резултати)

Летонија-Македонија 0:2
Словенија-Израел 3:2
Полска-Австрија 0:0

Табела:

1.Полска 13 бодови
2.Словенија 11
3.Австрија 10
4.Македонија 8
5.Израел 8
6.Летонија 0

Наредни натпревари –

10. октомври 2019

20.45 часот Австрија-Израел
20.45 часот Македонија-Словенија
20.45 часот Летонија-Полска

13. октомври 2019

20.45 часот Полска-Македонија
20.45 часот Словенија-Австрија
20.45 часот Израел-Летонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот