Македонија падна за две места на најновата ФИФА ранг-листа
По завршувањето на октомврискиот циклус од квалификациите за Светското првенство 2026, ФИФА ја објави новата ранг-листа на националните селекции.
Препорачано
Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од две позиции и сега се наоѓа на 65. место. Овој пад доаѓа по две нерешени средби – против Белгија и Казахстан. Особено се смета за пропуштена шанса ремито на домашен терен против Казахстан, каде што Македонија не успеа да запише победа која би ја задржала во трка за директен пласман на Мундијалот.
На врвот на листата, Шпанија ја зацврсти својата лидерска позиција, преземена во септември од Аргентина, која сега е втора. Франција, по ремито со Исланд, падна на третото место.
Топ 10 на ФИФА ранкингот (октомври 2025):
1.Шпанија
2.Аргентина
3.Франција
4.Англија
5.Португалија
6.Холандија
7.Бразил
8.Белгија
9.Италија
10.Германија
Македонија ќе има нова шанса да поправи впечаток и позиција на листата во ноемврискиот прозорец, кога ќе се одиграат последните мечеви од групната фаза на квалификациите.
Преземено од: Спорт.ком.мк


