Македонија на светскиот врв, со 41 медал во бразилска џиу џица! (ФОТО)

thestrongest.mk

За прв пат во Македонија, со помош на Агенцијата за Млади и Спорт и Дарко Каевски во организација на првиот македонски клуб за бџџ „Д СТРОНГЕСТ“ и македонската федерација за Бразилска Џиу Џица, а благодарение на претседателот на нашата федерација и основач на клубот „Д Стронгест“ Ивица Алексовски во спортскиот центар „Форца“ се одржа врвно натпреварување во бџџ, „ABU DHABI PRO MACEDONIA 2019“.

Изминатиов викенд беше еден од најдобрите и најбогатите за македонските репрезентативци во Бразилска Џиу Џица кои предводени од селекторот Ивица Алексовски освоија вкупно 41 медал:

15 златни медали
16 сребрени медали
10 бронзени медали

ЦЕЛИОТ РАНКИНГ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА 

thestrongest.mk

Учествуваа репрезентации и тимови од над 20 земји (Ангола, Бразил, Швајцарија, Шведска, Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Полска, Грција, Црна Гора, Тунис, Австрија, Кипар, Украина, Франција, Словенија…) кои допатуваа со своите натпреварувачи за прв пат во Македонија.

Нашиот најголем потенцијал Даниела Алексовска го доби признанието за НАЈБРЗ ЗАФАТ (најбрзо завршена борба, за само 10 секунди ја заврши борбата со зафат, т.н. триаголник). Најуспешен претставник беше Ева Илиевска која освои два златни медали, еден во категорија и еден во апсолутна категорија.

Нашите златни репрезентативци се:

Томи Блажевски
Даниела Алексовска
Марко Ангелов
Дамјан Петровски
Христијан Чолески
Горазд Ѓеорѓиевски
Фани Проја
Никита Јоновски
Марко Петровски
Бојан Манчевски
Марио Здравковски
Ева Илиевска – апсолутна категорија
Александар Попивиќ
Андријана Цветковска
Ева Илиевска

Освојувачи на сребрените медали се:

Петар Цветановски
Ања Чивчиристовска
Теодор Стојковски
Михаил Поповиќ
Филип Митревски
Давид Тодоровски
Марко Панчевски
Даниел Тодоровски
Марко Трајановски
Марко Ристовски
Елпида Проја
Викторија Славковска
Вања Милевски
Михаил Поповиќ – апсолутна категорија
Никола Протугеров
Александар Колевски

Освојувачи на бронзените медали се:

Јорго Проја
Дарјан Славковски
Ива Богдановска
Ерџан Амит
Макс Јоновски
Никола Цветановски
Саво Костовски
Никола Протугеров
Ненад Ристевски
Ерџан Амит – апсолутна категорија

Селекторот Алексовски е задоволен од прикажаното, од организацијата и се надева дека со неколку од нашите репрезантативци ќе бидеме дел од Светското Првенство во Абу Даби идната 2020 година каде што има околу 5000 натпреварувачи и целиот настан трае скоро цела недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот