Македонија на гости против Романија ги стартува квалификациите за СП 2022, Германија на 11. октомври доаѓа во Скопје

фото: Драган Митревски

Познат распоредот на фудбалерите во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар.

Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за пласман на СП 2022 во Катар ќе ги започне на 25. март во Букурешт против Романија, а во последното коло ќе игра против Исланд на Националната Арена „Тодор Проески“.

Вчерашната жрепка ја смести Македонија во групата Ј заедно со селекциите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Четирикратниот светски шампион, Германија, за прв пат во Скопје ќе допатува за дуелот кој ќе се игра на 11. октомври, а претходно избраниците на селекторот Игор Ангеловски во третото коло ќе играат на гости кај „панцирите“.

Првиот квалификациски натпревар на домашен терен, „црвено-жолтите“ ќе го одиграат во второто коло на 28. март идната година против аутсајдерот Лихтенштајн.

Во четвртото коло Македонија ќе игра против стариот познаник Ерменија во Скопје, а потоа во петтото коло му гостува на Исланд.
Во вториот дел од квалификациите Македонија во шестото кол на 8. септември ќе ја пречека Романија, а во октомври по дуелот со Лихтенштајн на гости (8 октомври), на 11. октомври конечно за прв пат во Скопје ќе заигра и Германија.

Во последните две кола фудбалерите ќе играат против Ерменија и Исланд.
Пласман на Светското првенство ќе обезбеди само првопласираната репрезентација, додека второпласираната ќе игра бараж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот