Македонија летово ќе биде домаќин на кошаркарско Европско првенство
Македонија и официјално ќе биде домаќин на Европското првенство во „Б“ дивизијата за кошаркари до 16 години, соопшти денеска ФИБА. Континенталниот шампионат ќе се одржи од 5 до 16 август ова лето, а дел од натпреварувањето ќе биде и македонската младинска репрезентација.
Препорачано
Настапот на домашен терен се очекува да биде силен мотив плус за младите македонски кошаркари, кои ќе имаат можност пред својата публика да се претстават во најдобро можно издание и да се борат за висок пласман.
Од Кошаркарската федерација на Македонија изразија задоволство од одлуката на ФИБА Европа, нагласувајќи дека истата е уште една потврда за довербата што меѓународната куќа на кошарката ја има во македонските организациски способности.
„Со големо задоволство и чувство на одговорност ја прифаќаме одлуката на ФИБА Европа, која претставува признание за нашето искуство и капацитетите што ги имаме во организацијата на меѓународни спортски настани“, соопштија од КФМ.
Во наредниот период се очекува да бидат објавени и дополнителни информации, меѓу кои и градот или салите во кои ќе се одиграат натпреварите од Европското првенство.


