Фото: Bianca Otero / Zuma Press / Profimedia

Македонија ја поддржа резолуцијата на ООН која повикува на траен мир во Украина

Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации (ООН) вчеравечер усвои резолуција со која се повикува на сеопфатен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја предложија Украина и уште 45 земји, а 107 земји гласаа „за“, вклучувајќи ги речиси сите членки на Европската унија. Македонија исто така гласаше „за“.

Против резолуцијата беше Русија, додека Унгарија, Србија и САД гласаа „воздржано“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Икс“ изрази благодарност до 107-те земји што ја поддржаа Украина во Обединетите нации во одбрана на животот а прикачи и фотографија од табелата на која се гледа која земја гласала.

„Генералното собрание ја усвои нашата резолуција во поддршка на траен мир, со јасни повици за целосен прекин на огнот и враќање на нашиот народ. Ова се правилни и неопходни чекори и ние ќе продолжиме активно да работиме на постигнување мир со нашите партнери“, напиша Зеленски.

Во резолуцијата се истакнува регионалното и глобалното влијание на војната и се изразува „длабока загриженост“ за континуираните напади на Русија врз „цивили, цивилни објекти и критична енергетска инфраструктура“ што ја влошуваат хуманитарната ситуација.

Беше потврдена силната посветеност на Генералното собрание на „суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет“, вклучувајќи ги и територијалните води на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот