Македонија и Саудиска Арабија се чекор поблиску до директна авионска линија

Министерството за транспорт информира дека се работи на создавање правна основа за воспоставување авионски линии меѓу македонските аеродроми и аеродромите во Саудиска Арабија.

Како што наведуваат од Министерството, веќе е започната процедурата за потпишување Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија. Досега меѓу двете држави не постоел редовен воздушен сообраќај.

Целта на спогодбата е да се воспостави јасна правна рамка што ќе овозможи отворање редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија.

Со документот се предвидуваат либерални и фер услови за работење на авиопревозниците, поттикнување на конкуренцијата, можност за пониски цени за патниците и воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, се гарантира и високо ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај, во согласност со меѓународните стандарди, велат од Министерството за транспорт.

Оттаму очекуваат дека воспоставувањето редовни летови ќе придонесе за зајакнување на економската соработка, развој на туризмот, зголемување на трговската размена и унапредување на вкупните билатерални односи меѓу двете земји.

Летово две нови директни авиолинии од скопскиот аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот