Македонија без Ѓоко Зајков до крајот на квалификациите за ЕП 2024

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ѓоко Зајков (28) до сега редовно беше стартер во натпреварите на македонската А фудбалска репрезентација, но поради повреда ќе ги пропушти последните три меча од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Неговиот клуб од Романија, Универзитатеа Крајова во средата објави дека нашиот одбранбен играч два месеци ќе биде надвор од терените.

Централниот дефанзивец се здоби со повреда на пршлен во пределот на вратот по што беше итно опериран по натпреварот со Малта.

На репрезентативен план 2023 година е завршена за Зајков, а селекторот на сениорите Благоја Милевски ќе бара нова опција за дуелите во октомври и ноември.

На 14 октомври во Прага е следниот квалификациски дуел против Украина, a три дена подоцна ќе се пријателскa средба во Струмица против Ерменија.

Квалификаците за наредното ЕП ќе завршат со натпреварите против Италија на „Олимпико“ во Рим на 17 ноември и против Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 20 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот