Македонецот блеска во шпанската „Ендеса“: „Магијата“ на Димитријевиќ! (ВИДЕО)

twitter.com/Penya1930

Уште на самиот старт од видео записот повторно потсетување на феноменалната соло акција на дуелот против Барселона.

Шпанската „Лига Ендеса“ ги објави најдобрите потези на македонскиот репрезентативен плејмејкер…Ненад Димитријевиќ кој ги брани боите на Хувентуд Бадалона уште еднаш докажува зошто е еден од најголемите кошаркарски таленти во нашата земја и пошироко.

Уште на самиот старт од видео записот повторно потсетување на феноменалната соло акција на дуелот против Барселона.

Нено, како што го нарекуваат и тамошните шпански коментатори, ги импресионираше фановите со негови реализации, но и асистенции. Според најавите, оваа сезона во најдобрата шпанска лига ќе продолжи на 15 јуни.

Новиот шампион во една од најсилните европски лиги ќе биде ќе го дознаеме по систем на поделба на тимовите во две групи. Потоа следуваат полуфинале и финале, односно по две најдобри екипи од двете групи ќе играат плеј-оф.

На тој турнир ќе се најдат дванаесет најдобри тимови во досегашната табела во АЦБ лигата; Барселона, Реал Мадрид, Сарагоса, Тенерифе, Билбао, Андора, Уникаха, Валенсија, Сан Пабло Бургос, Баскониа, Гран Канарија и Хувентуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот