Македонец на клупата на Партизан, Филиповски е наследникот на Шчепановиќ

epa05033182 Head coach of Stelmet Zielona Gora Saso Filipovski in action during the Euroleague group C round 6 game between Zalgiris Kaunas and Stelmet Zielona Gora in Kaunas, Lithuania 19 November 2015. EPA/VALDA KALNINA

Кошаркарскиот клуб на Партизан ги разреши сите дилеми, нов тренер ќе биде Македонецот со словенечки пасош Сашо Филиповски.

Како што јавува Б92, Филиповски по средбата со претседателот на „црно-белите“ Остоја Мијаиловиќ, се согласил да седне на клупата на Партизан.

Заедно со Филиповски на клупата на Партизан ќе седи уште еден Македонец, Боби Митев кој треба да му биде прв асистент на новиот тренер.
Македонските пред себе имаат тешка задача, да го вратат во живот летаргичниот Партизан кој има лош старт во сезоната, „црно-белите“ имаат негативен скор од 2:3 и во Еврокупот и во АБА лигата.

Дебито на клупата на Партизан за македонскиот двоец се очекува да биде наредниот викенд во натпреварот од шестото коло од АБА лигата против Задар. Доколку тоа не се случи, тогаш Филиповски и Митев сигурно ќе го предводат Партизан на натпреварот против Венеција во Еврокупот кој треба да се игра наредната среда.

Сашо Филиповски е без ангажман од минатата година кога ја заврши сезоната на клупата на Монако. Претходно ги има предводено ои Банвит, Банвит Зелена Гора. Олимпија, Лотоматика Рома, Ростов и Туров, а беше и помошник во ЦСКА Москва. итев, пак, постојано ми е прв асистент на Филиповски, а во два наврати беше и прв тренер на МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот