Мајли Сајрус ги покажа стомачните мускули, но упати силна порака против расизмот! (ФОТО)

Profimedia

Американската пејачка и актерка Мајли Сајрујс (27) е фотографирана во периферија на Лос Анџелес додека шета со своето момче, музичарот Коди Симпсон (23).

Имено, Мајли одлучила максимално да го искористи денот и да прошета во природа со момчето и нивното куче.

Пејачката и нејзината посилна половина ги прошетаа и своите тела и покажаа дека водат сметка за физичкиот изглед, а она што највеќе привлече внимание се нејзините стомачни мускули, но и маската за лице на која има важна порака.

Сајрус исто така носела и црн топ кој ги откри нејзините стомачни мускули, но и кратки панталони од марката „Келвин Клајн“, кој и ги откри не така перфектните нозе. Изгледа пејачката се поправила во карантинот, бидејќи на нејзините бутови јасно се гледа целулитот.

Инаку Мајли ја покажа својата солидарност со демонстрантите што протестираат ширум Америка, па по тој повод носеше маска на која пишуваше „BLM“, што означува кратенка од „Black Lives Matter“, што во превод значи дека сите животи се подеднакво важни.

Погледнете:

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот