Мајкл Џеј Фокс: Не можам да ги запамтам и повторам зборовите – Повторно ќе се пензионирам

Instagram

Пред речиси три децении на актерот му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. Мајкл Џеј Фокс (59) неодамна изјави дека повторно ќе се пензионира поради здравствени проблеми, пренесува „CNN“.

Актерот, кој пред речиси три децении ја доби дијагнозата паркинсонова болест, проговори во својата нова книга „No Time Like the Future“ токму за тоа прашање.

Instagram
Instagram

„Неможноста да ги запамтам и да ги повторам запишаните зборови е најновиот проблем со кој се сретнав. За сѐ постои време. Не можам повеќе да работам 12 часа на ден и да паметам по седум страници дијалог. Барем така е во моментов“, напиша Фокс.

Тој славата ја стекна глумејќи во серијата „Family Ties”, а планетарно популарен стана глумејќи во трилогијата „Враќање во иднината“.

Instagram
Instagram

Иако Фокс пишува дека ќе забави малку, но тоа не значи дека неговата кариера е готова.

„Од почит кон продуцентите, режисерите, монтажерите, како и актерите кои сакаат да работат малку побрзо, јас по вторпат одам во пензија“, напиша Фокс во книгата.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот