Магнезиумот регулира околу 300 биохемиски реакции во организмот: Храна богата со магнезиум

unsplash

Овој важен минерал треба редновно да се внесува во организмот, но не е потребно да се прибегнува кон додатоци во исхраната, секогаш е подобар природниот внес, преку храната.

 

Profimedia

 

Потребната доза од овој минерал е помеѓу 300 и 400мг на ден. Магнезиумот е важен за околу 300 биохемиски реакции во организмот, од балансирање на нивото на шеќер во крвта до релаксација на мускулите, олеснување на грчевите и воспаленија на кожата.

Затоа, многу е важно редовно да се внесува во организмот, но не е потребно да го „бараме“ во додатоци во исхраната, најдобро е да го земаме природно, преку храната.

Храна богата со магнезиум

БАДЕМИ

Бадемите се одличен извор на магнезиум затоа што само 30гр бадеми содржат дури 105мг магнезиум. Покрај магнезиум, бадемите се богати со витамин Е, протеини и омега 3 масни киселини.

СУСАМ

Покрај тоа што е добар изворна железо и витамин Б6, сусамот е богат и со магнезиум. 30гр сусам содржат 100мг магнезиум. Можете да го додавате скоро во секое јадење, од салати и сендвичи до чорби и месо.

ИНДИСКИ ОРЕВ

Една порција од 30г индиски ореви обезбедува 10% од препорачаниот внес на железо, но содржи и многу магнезиум. Дури 89мг, што е далку повеќе од една банана која има околу 22мг од овој важен минерал.

СЕМКИ ОД СОНЧОГЛЕД

Овие семиња содржат малку повеќе магнезиум од бадемите и семето од сусам, дури 128 мг во 30гр магнезиум. Семките од сончоглед се богати и со калциум.

СЕМКИ ОД ТИКВА

Покрај тоа што се одличен извор на влакна, овие семиња содржат 74мг магнезиум во количина од само 30гр. Исто така, се богати со протеини што е добра вест за луѓето кои се борат со вишок килограми.

БРОКУЛА

Брокулата има најмногу хранливи материи ако ја јадете сурова. Богата е со витамин Ц и магнезиум. Во само 65гр брокула има дури 50мг од овој минерал. Доколку не можете да ја јадете сурова, најдобро е само да ја подварите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот