Фото: Креирана илустрација

Маѓар рече дека планира да ги одржи добрите односи со Македонија

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар нагласи дека во интерес на сите е заедничка работа за постигнување економски развој и просперитет, додавајќи дека неговата влада нема да се меша во внатрешните работи на други земји ниту, пак, ќе се обидува да влијае врз изборни процеси, било во Македонија или на друго место.

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, денеска изјави дека како иден премиер има намера да ги одржи добрите односи со Македонија и со другите земји со кои Будимпешта и досега имала стратешко партнерство.

Тој порача дека промената на власта во Унгарија не значи автоматско влошување на врските со државите со кои кабинетот на Виктор Орбан негувал блиска соработка. Напротив, според него, таму каде што односите биле нарушени, постои простор тие да се подобрат, објави „1 ТВ“.

Маѓар нагласи дека во интерес на сите е заедничка работа за постигнување економски развој и просперитет, додавајќи дека неговата влада нема да се меша во внатрешните работи на други земји ниту, пак, ќе се обидува да влијае врз изборни процеси, било во Македонија или на друго место. Ова го изјави на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање од грузиски новинари за односите меѓу двете земји.

– Фактот што владата на Виктор Орбан имала блиски односи со некоја земја на Балканот или на друго место, не значи дека Унгарија ќе има полоши односи со истата таа земја. Но, ако Унгарија имала лоши односи со некоја држава, ние ќе ги подобриме. Затоа што е во наш заеднички интерес да работиме заедно, да соработуваме и заедно да напредуваме. Со задоволство би ве посетил во Тбилиси или на друго место. Имам желба да работиме заедно, но сакам да нагласам дека немаме никаква намера да се мешаме во внатрешните работи на други држави. Немаме намера да се мешаме во изборите во вашата земја, во Северна Македонија или каде било на друго место. Тоа не е наш стил и тоа не е работа на ниту една европска влада, секој е избран за да го поддржува и претставува електоратот на таа земја – изјави Петер Маѓар.

Во одговор на прашање за можна екстрадиција на двајца полски политичари кои добиле азил во Унгарија како наводно политички прогонувани, Маѓар го спомна и случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, оценувајќи дека и тој треба да биде екстрадиран.

ВИДЕО | Маѓар удри по Груевски: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот