„Магионичар“ и на 12 години, како започна кариерата на Лео Меси (ВИДЕО)

фото: твитер

И тогаш, на навистина лош терен, одлично контролираше со фудбалската топка и неговите Бојси славеа после пресврт со резултат 3:2.

Англиската страница на порталот „Goal.com“ ја искористи паузата од фудбалот и објави една ретка снимка од времето кога еден од најдобрите фудбалери на светот ја започна кариерата во Њуел`с Олд Бојс.

Лионел Меси во овој клуб од неговиот роден Розарио започна да тренира на седум години и на неполни 14 се пресели во Барселона. Јасно е дека поради има малку видео записи од тој период, а на видеото од 1999 година Меси има само 12 години.

И тогаш, на навистина лош терен, одлично контролираше со фудбалската топка и неговите Бојси славеа после пресврт со резултат 3:2.

Аргентинецот во својата кариера со Барселона досега освои 34 титули, а шестпати беше прогласен за најдобар играч на светот во изборот на „Франс Фудбал“.

За каталонскиот гигант одигра скоро 500 натпревари и постигна повеќе од 400 голови, а за аргентинската репрезентација има 138 мечеви и 70 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот