Магијата на утринскиот секс и сите негови предности
Поместете ги стрелките на часовникот еден час порано и впуштете се во утринска игра со партнерот/ката. Утрото ќе ви биде фантастично, во текот на денот нема да ја симнувате насмевката од лицето, а притоа ќе се чувствувате добро, расположено и освежено. Утринското водење љубов е добро за здравјето и влијае позитивно од многу аспекти. Покрај тоа што освежува и го крева расположението во текот на целиот ден, има поволно влијание и на убавината.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, ниту тука не е крајот, туку постојат неверојатни факти кои ќе ве натераат да размислете за почесто водење љубов во утринските часови.
Ова се неколку од нив:
– Утринскиот секс ослободува окситоцин кој предизвикува чувство на задоволство, а поврзаноста меѓу вас и партнерот/ката ве прави посилни и поубави.
– Утринскиот секс го поттикнува развојот на имуноглобинот А (ИгA), антитела кои штитат од инфекции и го зајакнуваат метаболизмот. Производството на имуноглобин А е поголемо за време на утринскиот секс, отколку во кој било друг период од денот. Се работи за антитела кои служат за одбрана од инфекции, а луѓето кои водат љубов наутро, имаат и до 30 отсто поголемо ниво на имуноглобин А во крвта.
– Утринскиот секс го подобрува расположението и ги буди телото и умот, па се препорачува пред извршување на тешки психички и физички активности;
– Утринскиот секс ја подобрува циркулацијата и го забрзувa крвотокот. Кај мажите предизвикува чувство на опуштеност и мир, а на жените им дава енергија.
– Честиот утрински секс ја подобрува плодноста кај жените, и квалитетот на спермата кај мажите, покажало истражувањето на клиника за вештачко оплодување во Сиднеј. Со редовната утринска ејакулација квалитетот на спермата кај мажите се подобрува околу 12 отсто, што ги зголемува шансите за успешно оплодување.
– Оргазмот за време на утринскиот секс, предизвикува ослободување на хемикалии кои го зголемуваат нивото на естроген во телото. Доаѓа до подобрува на циркулацијата, со што се чисти тенот и се подобрува квалитетот на косата. Утринскиот секс го зајакнува лачењето на естрогенот – хормон кој, меѓу останатото, ја прави кожата блескава и свежа.
Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
Доколку практикувате секс во утринските часови неколкупати неделно можете да го намалите ризикот од срцеви заболувања за половина! Особено тоа е случај кај мажите. Со утринската акција се намалува нивото на кортизол, хормон кој го зголемува ризикот од инфаркт и и од стеснување на крвните садови. Во склопот на истражувањето кое тоа го докажува, научниците следеле илјада мажи во период од 10 години за да дознаат како оргазмот може да влијае на здравјето на машките. Се покажало дека кај сексуално поактивните мажи кои имале секс два или три пати неделно, кардиоваскуларното здравје било во многу подобра состојба за разлика од оние кои ретко практикувале сексуални активности.


