Маџовска: Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации

Симона Маџовска/фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонија по седми пат во својата историја ќе игра на европските ракометни првенства во женска сениорска конкуренција.

Нашите најдобри ракометарки ја остварија потребната победа на гостувањето во Баку против Азербејџан.

А подоцна Шпанија ни направи „услуга“ со триумфот во Вилнус против над Литванија и така математички избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го освојуваат второто место во квалификациската група „5“ кое исто така води на Европското првенство 2024.

Репрезентативката Симона Маџовска со први импресии по победата над Азербејџан и пласманот на Европското првенство 2024:

– Сите бевме свесни и знаевме колку е важен овој натпревар за сите нас. Отворивме според договореното, па следеше мал пад, но брзо го надминавме. Шанса и поддршка добија сите девојки. Среќни сме што после 12 години го остваривме овој успех преку квалификации. Во недела нѐ чека уште еден натпревар каде што сакаме со победа да го завршиме циклусот и да си го потврдиме пласманот на европското првенство – вели Маџовска.

Изјава имаше и Ива Младеновска по пласманот на Европското првенство 2024:

– Овој пласман на Европско првенство значи многу за мене, сметам дека е голем успех бидејќи после толку време се пласиравме на едно големо натпреварување преку квалификации и тоа значи дека сме на вистинскиот пат. Се надевам на добра игра на Европското, имаме време да се подготвиме максимално и да целиме кон добар резултат – рече Младеновска.

И Јована Кипријановска со свое видување на победата во Баку и пласманот на ЕП 2024:

– Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но и покрај тоа ги освоивме бодовите и успеавме да бидеме фокусирани. Можеби на почетокот имавме проблеми, но успеавме да го контролираме резултатот.

Многу сум среќна за оваа победа бидејќи ни донесе пласман на Европското првенство. Ова е голем успех за нашата земја, за тимот и за мене. Се радувам што и понатаму ќе тренирам со овој тим и ќе имам шанса да ha ha придонесам уште многу. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе растеме уште повеќе до стартот на Европското првенство“.

Шпанија славеше во Вилнус, Македонија и официјално е учесник на Европското првенство 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот