Мадона не престанува да шокира: Нов документарец, модна колекција и експлицитни изјави

мадона
Фото: Принтскрин / Instagram

Три декади подоцна од објавувањето на легендарниот документарец „Truth or Dare“, во кој таа се преправаше дека изведува експлицитни активности со шише и зборува за своите диви антики во спалната соба, излегува нов документарец за Мадона со таинствена но очекувано шокантна содржина.

Документарецот насловен како и нејзиниот последен албум „Madame X“ конечно излезе во јавноста и не е ништо помалку шокантен од што би се очекувало од Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Филмот премиерно беше прикажан на „MTV“ и е исполнет со шокантни сцени од последната турнеја, како и отворени изјави за нејзиниот приватен живот и став кон животот.

Дивата, која е во врска со 27-годишниот Аламалик Вилјамс, потенцира дека и покрај сета позната историја за нејзиното однесување, музика и печат, нејзиниот скандалозен начин на живот допрва започнува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Седумкратната добитничка на Греми постави трејлер од документарецот на својот инстаграм-профил кој покажува кратки сцени од неа во екстравагантни костими, опкружена со драматични сценографии и танчери кои изведуваат примамливи рутини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Филмот прикажува делови од  турнејата која Мадона ја изведе во 2019 и 2020 година промовирајќи ги нејзиниот нов албум и новиот лик „Madame X“, од која дел од шоуата мораше да бидат одложени заради коронавирусот.

Делови од филмот содржат сцени од настапите од турнејата во приватно затворени места, каде на посетителите им било забрането користат мобилни телефони, а „Madame X“ со полароиден апарат се фотографирала себеси и ги развивала фотографиите „меѓу своите нозе“. Фотографиите подоцна биле продавани на аукција со средства наменети за донирање во добротворни цели, а достигнувале цени и до 8,500 фунти од фотографија.

„Турнејата имаше за цел да ги понесе гледачите на патешествие кое е толку привлечно и смело како и самиот бестрашен лик на Мадона, „Madame X“, таен агент којн патува низ светот, менува идентитети, се бори за слобода и носи светло на темни места“, се вели во прес изјавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Овој документарец доаѓа 30 години по шокантниот и револуционерен „Truth or Dare“, кој го документираше животот на Мадона за време на нејзината светска турнеја „Blond Ambition“.

Овој документарец е снимен е во градот Лисабон, и претставува доста аутфити инспирирани од Португалија, откако Мадона го напиша поголемиот дел од албумот „Madame X“ додека живееше во градот.

Излегувањето на документарецот ќе биде проследено и со промовирање на модна линија на Т-маици, дуксери и шорцеви со ликот и името на „Madame X“, а парчињата се достапни по цени меѓу 30 и 75 долари.

„Споделување на мојата визија со глобалната публика отсекогаш било длабоко битно за мене. Можноста да ја пренесам неговата порака и неговата блескава уметност на сè вклучено на уште поширока публика доаѓа во време кога музиката е толку длабоко потребна да нè потсети на светата поврзаност на нашето споделено човештво“, изјави  Мадона за филмот.

63-годишната Мадона на документарецот споменува дека нејзината баба доживеала 100 години, но остро напоменува дека таа самата ќе доживее 200. Изгледа нè очекуваат уште многу години шокантни авантури низ кои легендарната пејачка ќе се обиде да нè понесе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот