Мачорот Луи знае како да ужива: Погледнете што прави кога сака да се забавува

мачор
Фото: Принтскрин/Редит

Ако сте љубител на мачки, знаете дека овие животни се способни да си се забавуваат сами со себе.

Интернетот е полн со видеа на кои мачките покажуваат дека не знаат за досада, а кога изгледаат како да „умираат“ од досада тоа е по нивен избор.

Меѓу нив е и мачорот Луи, кој секогаш кога му е досадно се качува на роботот правосмукалка.

На видеото објавено на Редит се гледа како Луи седи на правосмукалката која се движи наоколу и го чисти подот. Дури и кога правосмукалката ќе се судри со ѕид, мачорот не се вознемирува туку чека да продолжи понатаму неготово „патување“.

Погледнете го слаткото видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот