Фото: EPA-EFE/HORACIO VILLALOBOS ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Лувр никако да здивне – славниот музеј се поплавил, водата оштетила стотици вредни книги

Неколку стотици книги во библиотеката на Одделот за египетски антиквитети во парискиот музеј Лувр минатиот месец биле оштетени кога во просторијата протекла вода од канализациски цевки, соопшти управата на оваа културна институција, според француските медиуми.

Ова доаѓа по спектакуларниот грабеж во музејот во октомври.

„Штетата моментално се однесува на помеѓу 300 и 400 книги. Се наоѓаме во процес на изготвување целосен инвентар“, изјави за француската онлајн телевизија BFMTV претставникот на музејот, Франсис Стенбок, додавајќи дека во тек е сушење на секоја книга, страница по страница, со помош на впивачки хартија.

Тој додаде дека станува збор претежно за археолошки списанија и важни книги, но не и за особено скапоцени дела.

Цевката која предизвикала протекување, а која требало да остане затворена, е дел од систем кој мора целосно да се замени, изјави Стенбок.

Угледот на музејот Лувр веќе бил нарушен во октомври, кога во спектакуларна кражба среде бел ден, банда крадци однесе накит вреден околу 88 милиони евра.

Грабежот отвори голема дебата во Франција за безбедносните пропусти во најпосетуваниот музеј во светот. Досега се уапсени повеќе луѓе во врска со истрагата, но од украдениот накит нема трага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот