Лувр бара помош од Израелците за да ги најде артефактите од „грабежот на деценијата“

Кражбата се случи вчера, кога непознати сторители го искористиле моментот кога дел од музејот бил отворен за посетители и зеле неколку вредни предмети. Инцидентот ја шокира јавноста поради дрскоста на крадецот и фактот дека се случил во еден од најпосетуваните музеи во светот, во кој се сместени некои од најпознатите уметнички дела на планетата.

Приватната израелска разузнавачка фирма CGI Group денеска објави дека францускиот музеј Лувр побарал нејзина помош во пронаоѓањето на артефакти украдени во големиот грабеж сред бел ден.

„Раководството на Лувр нè замоли да го откриеме идентитетот на лицата вклучени во кражбата и да ги вратиме украдените артефакти“, изјави извршниот директор на CGI Group, Звика Навех, според The ​​Times of Israel.

Грабежот се случил вчера, кога непознати сторители го искористиле моментот кога дел од музејот бил отворен за посетители и зеле неколку вредни предмети. Инцидентот ја шокира јавноста поради дрскоста на крадецот и фактот дека се случил во еден од најпосетуваните музеи во светот, во кој се сместени некои од најпознатите уметнички дела на планетата.

Според првичните наоди од истрагата, крадци со качулки го искористиле пристапот до зградата на брегот на Сена, каде што се во тек градежни работи. Тие користеле товарен лифт за да стигнат директно до една соба во галеријата „Аполон“.

Откако ги скршиле прозорците, двајца од нив влегле во зградата, додека третиот останал надвор. Крадците украле девет парчиња од колекцијата накит на Наполеон и царицата: ѓердан, брош, тиара итн. Тие избегале со скутер.

Детективот Артур Бренд го опишал како „кражба на деценијата“ и предупредил дека полицијата има само една недела да ги пронајде виновниците пред сите предмети што биле украдени да станат неупотребливи.

„Полицијата има само една недела. Ако ги фатат крадците, предметите сè уште би можеле да бидат кај нив. Ако потрае подолго, пленот веројатно ќе пропадне. Тоа е трка со времето“, изјави Бренд за Скај њуз.

Тој додаде дека крунските скапоцености се толку познати што нема начин некој да ги продаде легално и дека единственото нешто што крадците можат да го направат е да го стопат среброто и златото, да ги извлечат дијамантите или повторно да ги преработат.

Француската полиција и безбедносните служби веднаш започнаа истрага, додека Лувр се обидува да го утврди точниот список на украдени артефакти и да ја процени штетата.

Помошта од приватна израелска разузнавачка фирма би можела да биде клучна за брзо лоцирање и враќање на предметот во музејот.

 

ВИДЕО | Грабеж во Лувр: Најпосетуваниот музеј во светот привремено затворен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот