Луѓето кои живеат на приземје почесто заболуваат од белодробни болести

Фото: Pixexid

Отсекогаш сме знаеле дека и катот, меѓу другото, влијае на цената на станот. Сепак, катот на кој живеете дефинитивно може да влијае и на вашето здравје. Обемното истражување на Универзитетот во Берн покажува дека навистина не е сеедно на кој кат живеете.

Научниците истражувале 142.590 смртни случаи во Швајцарија (вклучувајќи луѓе кои живееле во високи згради), во периодот помеѓу 2000 и 2008 година и дошле до многу интересни заклучоци. Утврдено е дека луѓето кои живеат на приземје имаат дури 40 отсто поголеми шанси да заболат од сериозни болести на белите дробови отколку луѓето кои живеат на 8. кат или уште повисоко.

Исто така, луѓето кои живеат на катови пониски од осмиот, имаат 35 отсто поголем ризик од болести на срцето. Во просек, луѓето кои живеат на приземје или на катови под осмиот, имаат 22 отсто поголем ризик да починат порано од луѓето кои живеат на повисоки катови.

Меѓутоа, и живеењето на повисоки катови носи свои ризици. Шпанско истражување покажа дека луѓето кои живеат на поголема висина, односно кои се „поблиску до облаците“, имаат поголема веројатност да добијат, на пример, алергија на полен отколку оние кои живеат на село. Имено, во текот на летото поленот се издигнува во атмосферата со зголемувањето на дневната температура, а кога навечер воздухот почнува да се лади, поленот повторно се спушта и преку отворените прозорци, прво влегува во становите на повисоките катови. Тоа ги прави луѓето таму поподложни и поранливи.

Секако, сите овие резултати треба да се земат со резерва. Впрочем, секој што живее на поголема висина, знае тоа има негативни страни, како и позитивни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот